Делумно забавен сообраќај поради дожд, на некои места намалена видливост

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата попладнево се одвива делумно забавено, по наместа влажни коловози поради врнежи од дожд, информира Автомотосојузот на Македонија.

Поради појава на магла,  видливоста во Тетово и Гостивар е од 30 до 50 метри, а во Неготино, Демир Капија, Струмица, како и на патните правци Катланово – Велес и Куманово – Страцин видливоста е до 100 метри.

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Поради ниските температури, на повисоките места има можност за појава на голомразица.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска