Потпишан договор за изградба на фекална канализација во Арачиново

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска потпиша договор со Друштвото за градежништво, транспорт, трговија и услуги ЈУ-БАЈ од Скопје за изградба на дел од фекалната канализација во село Арачиново во истоимената општина.

Договорот е во вредност од 35 милиони денари.

Изградбата е согласно Основниот проект за фекална канализација во село Арачиново, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со проектот се предвидува изградба на примарна канализациска мрежа од седум основни и пет помошни краци во должина од 3.030 метри од кои ресорното министерство ќе ја реализира изградбата на Крак 4 и Крак 7.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

26 години од загинувањето на тројцата полицајци кај Арачиново

Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е подметнат

Гори депонијата во Арачиново

Горан Наумовски

Двајца браќа од Арачиново обвинети за убиство на татко и син

Горан Наумовски

Маж од Арачиново со пиштол им се заканувал на вработени во ЕВН Македонија