А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Директорот на Царината најави решавање на проблемите при царинските постапки

by А1он14/09/2017 - 16:02119
Share0

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски најави брзо решавање на проблемите со кои се соочуваат шпедитерите, транспортерите и бизнисмените при царинските постапки.

Добивај вести на вибер

На состанокот, организиран денеска во просториите на Царинската управа, тие посочија дека треба многу да се работи на искоренување на корупцијата, на објективност при селективноста во контролите и на забрзувањето на царинските постапки.

Директорот Танасоски вети дека максимално ќе се посвети на зголемување на довербата меѓу Царината и учесниците во царинската постапка, а со тоа и на искоренување на корупцијата, како и на развивање на стратегии, процедури и методи за олеснување на протокот на трговијата и преземање на мерки согласно законски прописи и легитимните потреби на деловната заедница.

Денешниот состанок беше организиран со цел отворено да се разговара за секојдневните предизвици со кои се соочуваат директните учесници во царинските постапки и да се слушнат предлози како Царинската управа и бизнис заедницата заедно да создадат конкурентен економски амбиент.

Од Царината најавуваат дека и во иднина ќе организираат вакви средби за да се подобри работењето и унапреди соработката со сите чинители во царинските постапки.

carina

Би можело да ве интересира

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он14/07/2025 - 15:41

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Горан Наумовски14/07/2025 - 11:54

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

Горан Наумовски20/05/2025 - 12:17

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски16/04/2025 - 11:2816/04/2025 - 11:28

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Горан Наумовски06/04/2025 - 15:41

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Горан Наумовски25/03/2025 - 14:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен