Бериша: Никој не треба да стравува од албанскиот национализам

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека никој не треба да стравува од албанскиот национализам, „кој е инспириран од демократските вредности и слободата“.

– Иако од крајот на минатиот век досега минуваме преку најжестоки националистички бури, албанскиот национализам е најцивилизираниот и е инспириран единствено од слободата, истакна Бериша на новинарскиот новогодишен прием.

Премиерот го истакна придонесот на медиумите, кои „фрлиле светлина врз историската вистина“ и изрази увереност дека тие на истиот начин ќе го популаризираат и процесот на обединување на Албанците, како и нивното обединување со Европа.

Бериша ги пофали медиумите, нарекувајќи ги „фактички најдобрата опозиција“ во текот на вториот мандат на десноцентристичката Влада, како и „највреден имот во земјата во контекст на развојот на демократијата“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски