Деца членови на „Аполонија“ во посета на ТППЕ Гевгелија

Од:

Децата членови на фондацијата ,,Аполонија“ од Гевгелија во рамки на проектот „Ден со природата“ денеска беа на гости во Територијалната противпожарна единица во Гевгелија, каде ја реализираа последната активност од проектот.

На средбата со пожарникарите на децата им беше објаснето како настануваат пожарите, дали може сами од себе да настанат, какви штети предизвикуваат и какви се последиците од нив за човекот и природата.

По посетата на пожарникарите децата беа на прошетка по природните убавини на планината Кожуф, по долината на Конска Река и во планинското одморалиште „Смрдлива вода“.

– Во нашата последна активност од проектот учевме и за преработување на користените материјали за да добиеме нови, односно за процесот на рециклирање. Научивме дека со рециклирање се спречува губење на материјали, се намалува потрошувачката на нови суровини, се штеди на користење енергија и дека се намалува загадувањето на водата и воздухот, посочија децата кои изразија задоволство што беа дел од поучниот проект на фондацијата ,,Аполонија“.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло