Фрескописна, иконописна и резбарска колонија во Марков манастир

Од:

Во Марковиот манастир „Свети Димитриј Солунски“ од денеска до 21 септември ќе биде одржана интернационална фрескописна, иконографска и иконорезбарска колонија.

На колонијата што се одржува со благослов на неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ќе учествуваат еминентни балкански иконописци и резбари, чии дела ги красат црквите ширум Балканот, вклучително и Света Гора.

Меѓу учесниците ќе бидат фрескописците Кирил Томанов (член на Кралското здружение на минијатурсти), Јордан Иванов, кој изработувал фрескопис на Света Гора, Галин Ганчев и проф. Венко Цветков, резбарите Васил Иванов и Тихомир Георгиев, иконописците Димчо Димчовски, Тереза Илкова, Гергана Симеонова, Димитринка Стојанова, и Надја и Румен Петкови.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на богословието и красотата на православната иконографија да ја посетат колонијата во деновите од 14 до 21 септември, во периодот меѓу 09:00 до 15:00 часот.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот