По повод манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2017“, која годинава ќе се одвива под мотото „Водата дар од природата“, музејот „Теракота“ од Виница се вклучува со свои активности во одбележувањето на Европските денови на културно наследство.
По тој повод во периодот од утре до 22 овој месец, влезот во Музејот „Теракота“ ќе биде бесплатен за сите посетители, а ќе бидат реализирани уште неколку интересни активности.
– Во овие денови додека трае манифестацијата планирана е организирана посета на музејот од страна на стручни работници од дневни центри од Македонија како и посета од страна на учениците од училишта во градот со предавање на тема „Водоснабдувањето на Виничко кале во античкиот период“, изјави Јулијана Иванова, директор на Музејот „Теракота“.
Таа истакна дека во соработка со Дневниот центар од Виница, ќе биде реализирана и посета на Етно куќата во Кочани со презентацијата на тема „Водата извор на животот“, од страна на советник кустос Илинка Атанасова, како и посета на водопадите и браната Градче во Кочани.