Конкурси за поезија и плакат во рамки на „Сто илјади поети за промена“

Од:

Манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, распиша поетски конкурс за годинешното издание на фестивалот.

До 23 септември авторите со по една песна може да конкурираат со социјално ангажирана поезија на теми поврзани со промените, глобално и локално. Истовремено, манифестацијата распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати што ќе бидат дел од групната изложба во рамки на фестивалот.

Пристигнатите творби ќе ги разгледуваат комисии. Избраните песни ќе бидат застапени во зборникот „Сто илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде објавен во рамки на манифестација, а дизајнерските решенија ќе бидат претставени на изложба на 30 септември, информираат организаторите.

Авторите треба да ги праќаат песните и дизајнерските решенија на Фејсбук-страницата на оваа манифестација или на електронската адреса: [email protected].

Манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ е меѓународна, за оваа година се најавени учесници од САД, Германија, Косово, Бугарија, Србија, меѓу кои и еден од автор кој беше номиниран за Пулицеровата награда за литература.

Оваа година ќе опфати повеќе од 500 настани во над 100 земји во светот. Во Македонија манифестацијата е поддржана од Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот