Османи: Потребна не е поддршка за итно решавање на прашањето за примеот во НАТО

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со новиот амбасадор на Сојузна Република Германија во Скопје, Томас Герберих.

Вицепремиерот Османи, како што соопшти СЕП, го поздрави интересот на Германија и дадената поддршка за Македонија во напорите земјата да се врати на евро-атлантскиот пат, што е и интерес на мнозинството граѓани. Османи го информира амбасадорот и за неодамнешната посета на Берлин и средбите кои ги оствари, истакнувајќи дека Германија се покажа како стратешки партнер на Република Македонија во однос на интеграцијата во ЕУ, особено со директната финансиска и техничка поддршка за националните институции.

– Германија ја сметаме за силен поддржувач на политиката на проширување и пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, кое најдобро се покажа со иницирањето на Берлинскиот процес и самитите кои следуваа во Берлин, Виена, Париз и последниот во Трст, посочи вицепремиерот Османи и изрази очекување за успешна соработка со амбасадорот Герберих во текот на неговиот мандат.

Вицепремиерт Османи го запозна Герберих и со Планот 3-6-9 и неговата досегашна реализација, со приоритетите на новата Влада за откочување на процесите на евро-атлантските интеграции на земјата, како и со новиот пристап на водењето надворешна политика за градење на добрососедски односи. Како што истакна Османи, за тоа говори успешното потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија, но и успешната посета на грчкиот министер Коѕијас на Македонија. Тоа, додаде Османи, претставува само почеток на унапредувањето на односите со соседските земји, што ќе продолжи и во иднина.

– Очекувам во наредниот период напредок по прашањето за евро-атлантските интеграции и во таа смисла, очекувам поддршка за целосно решавање на прашањето за влезот на Македонија во НАТО, истакна Османи на срдбата. Тој додаде дека на Македонија и е потребна визибилност на европските перспективи, со цел зацврстување на европската агенда на земјата, како и на регионот, се вели во соопштението од СЕП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски