Кавадарци одбележува 19 години од смртта на етномузикологот Линин

Од:

Во Кавадарци денеска сеодбележуваат деветнаесет години од смртта на Александар Линин, значаен македонски етномузиколог, фолклорист и мелограф. За време на својот живот Линин успеал да собере околу 3.000 македонски народни песни и ора. Објавил и голем број трудови.

Како што денеска потсети историчарот Петре Камчевски, Линин завршил Природноматематички факултет во Загреб и бил голем активист во културно-просветното друштво „Вардар“, а бил соработник на списанието „Наш весник“. Бил голем вљубеник во македонската народна музика, па затоа и се запишал на Педагошката академија во Скопје, на групата за музика, а докторирал на Факултетот за музика и драмска уметност во Скопје.

Линин во Кавадарци работел како наставник по математика, а потоа како музички уредник на Радио Скопје. Објавил голем број трудови, меѓу кои „Народни музички инструменти” во Македонија (1978), „“Македонски инструментални орски народни мелодии” (1978), „Македонскиот стих и напев” (1983), „Македонската народна поетска уметност” (1985) и уште многу други.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ