Промоција на книга од академик Нада Поп-Јорданова

Од:

Во Паркот на книгите вечер од 19 часот ќе биде промовирана најновата книга од академик Нада Поп-Јорданова „Пораки за животот, здравјето, проблемите…“.

Како што објави издавачот „Матица“, авторката во ова дело отвора многу прашања актуелни за современото живеење и воедно дава едноставни, конкретни и концизни одговори.

– Како да ја развиеме емоционалната интелигенција кај младите, дали перфекционизмот е болест, за синдромот на недостиг на внимание, за семејното функционирање, за несоницата на нашето време, дали стравот е само одбрана или…, како да го подобриме емоционалното здравје…. Книгата е наменета за децата и младите, за возрасните и за старите, соопшти „Матица“.

Академик Нада Поп-Јорданова работниот век го помина како професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија на Клиниката за детски болести во Скопје.

Автор е на тринаесет книги од областа на медицината, како и на бројни статии објавени на повеќе странски јазици. Член е на Светската, Европската и на Њујоршката академија за наука, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2012 година. За својата долгогодишна педагошка и научна дејност добитник е на национални и меѓународни признанија.

Книгата „Пораки“ ќе ја промовира академик Катица Ќулафкова.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ