Дискусија за програмата на ЕУ „Креативна Европа“ потпрограма „Култура“

Од:

На крајот на септември ќе биде објавен нов повик за аплицирање за грант од ЕУ преку програмата „Креативна Европа“ потпрограма „Култура“, за првата од четирите категории: Проекти за соработка.

Проектите за соработка може да да бидат од помал обем, за кои максималниот ЕУ грант е 200.000 евра, и од поголем обем – за кои највисокиот износ на ЕУ грантот е 2.000.000 евра. Покрај нив, ново во оваа категорија е и повикот за соработка за проекти за европско културно наследство за 2018 година.

Покрај во категоријата Проекти за соработка, во потпрограмата „Култура“ на програмата „Креативна Европа“ може да се аплицира и за проекти во категориите: Книжевност; Мрежа и Платформи.

Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура при Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Канцеларија за Креативна Европа – Култура на Филмскиот фонд на Република Словачка денеска организираа презентација и дискусија на тема: „Креативноста во Креативна Европа – потпрограма Култура“.

Билјана Прентоска од Канцеларијата за Креативна Европа – Скопје рече дека проектите со кои се аплицира за европски средства се копродукциски. Во нив се вклучени организации од повеќе земји од кои корисниците на грантовите може да ги избираат партнерите.

Таа ги советуваше кандидатите за грантови да поднесуваат апликации за проекти што ќе бидат и општествено корисни, т.е. покрај димензијата култура да имаат додадена вредност. За грантовите може да аплицираат организации, не физички лица.

– Организациите треба да бидат различни за да се постигне интердисциплинарност. Партнерството може да биде и со приватни компании. Идејата да биде добра и општествено корисна, рече Прентоска.

Зора Јаурова од Словачка на настанот го претстави словачкото искуство во ЕУ програмата и придобивките од проектот Кошице – европски град на културата во 2013 година – специјалната акција на Европската комисија во рамки на програмата „Креативна Европа“.

Презентацијата „Креативноста во Креативна Европа – потпрограма Култура“ во вториот дел продолжува со дискусија за влијанието на програмите на ЕУ Култура 2007 -2013 и Креативна Европа – Култура (2014 -2020) врз националните и регионалните иницијативи и стратегии. Учесници на дискусијата се корисници на овие програми од неколку институции од културата во Македонија.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот