Охрид: ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на која се носеше буџетот за 2013-та

Од:

ВМРО-ДПМНЕ  ја напушти седницата на охридскиот совет на која се носеше буџетот за општината за 2013-та година. Според нив, буџетот бил неразвиен и нереален и бил копија на буџетот за 2012-та година.

„Она што денеска го видовме како предлог на буџет не е поставен на оние основи врз кои Охрид треба да се развива. Нема проекти и нема развој туку само елементи кои треба да се прилагодат на еден предизборен период.

– Ние можевме да поднесеме вкупно 3.874 амандмани и да го блокираме носењето на буџетот, но ние тоа не го направивме бидејќи сме одговорни. За нас Охрид е важен за да си играме со такви сценарија“, изјави Дејан Пановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ рекоа дека ВМРО-ДПМНЕ со ова покажува несериозност кога е во прашање Охрид.

„Мене ми е криво што немавме можност да се спротивставиме, не со физичко насилие туку со силата на аргументите.

– Нашите колеги советници не се виновни за нивниот потег, туку ова е директива од централата од Скопје“, рече Томислав Тунтев, советник на СДСМ.

Буџетот за 2013-та година изнесува 16 милиони евра и е за 5 милиони евра поголем од тој за 2012-та.

Би можело да ве интересира

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“