Чеферин е задоволен од резултатите по воведувањето на финансискиот фер-плеј

Од:

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, зборуваше за финансискиот фер-плеј во клубовите во Европа.

49-годишниот прв човек на европскиот фудбал за германската телевизија „АРД“ ја нагласи потребата од создавање рамнотежата помеѓу богатите и клубовите и тие со скромни финансиски можности.

– Финансискиот фер-плеј почна да дава стабилност во фудбалот. Времињата постојано се менуваат и ние мораме да се прилагодуваме на нив, да станеме посовремени и мораме да направиме нешто за рамнотежата во спортот, рече Чеферин.

Откога е воведен финансискиот фер-плеј неколку големи европски екипи беа казнети со забрана за ангажирање нови играчи на определен временски рок.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри