Хакерски напад врз американска кредитна фирма, погодени околу 143 милиони луѓе

Од:

Американската кредитна фирма Екуифакс (Equifax) соопшти дека биле жртви на тежок хакерски напад од кој се погодени 143 милиони американски клиенти, што е речиси половината од населението во САД.

Екуифакс го открила проблемот на 29 јули и „итно реагирале“ по што е побарана истрага од фирма за компјутерска безбедност за проценка на штетите.

Ирочнично, но Екуифакс е специјализирана во заштита и анализа на лични и финансиски податоци на лиенти кои бараат кредити од банка или кредитни организации од цел свет.

– Хакерите упаднале преку американски сајт и добиле пристап до досиеја меѓу средината на мај и јули. Од инцидентот се погодени потенцијално околу 143 милиони клиенти во САД, наведе во соопштение Екуифакс.

Освен лични податоци хакерите добиле и броеви на кредитни картички на 209.000 американски клиенти како и доверливи документи за кредити на 182.000 луѓе.

Екуифакс е со седиште во Атланта. Фирмата анализира податоци на над 820 милиони физички и над 91 милион правни лица во цел свет.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија