Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ноќеска ја остварија 15.та победа по ред, совладувајќи го на домашен терен тимот на Бостон со убедливи 106:77, а противникот не доби ниту една четвртина и во последниот период постигна само 10 поени.
Играчот од клупа кај Клиперси, Мет Барнс со 21 поен беше најефикасен на натпреварот. ЛА Клиперс сега го напаѓа рекородот на Бостон од пред четири сезони кога Селтикси имаа серија од 19 победи по ред.
На вториот натпревар одигран ноќеска Оклахома Сити по продолжение триумфираше над Далас со 111:105. Најефикасен беше Кевин Дјурант со 40 поени, но во продолжението не постигна ниту еден.
Вечерва се играат 12 натпревари: Вашингтон – Орландо, Индијана – Феникс, Бруклин – Шарлот, Детроит – Мајами, Кливленд – Атланта, Њу Орлеанс -Торонто, Далас – Денвер, Сан Антонио – Хјустон, Јута – Лос Анџелес Клиперс, Сакраменто – Њујорк, Лос Анџелес Лејкерс – Портланд и Голден Стејт – Филаделфија.
Пласман Источна конференција: Мајами 20-6 (победи-порази), Њујорк 21-8, Атланта 17-9, Индијана 16-12, Милвоки 15-12,…
Пласман Западна конфренеција: Лос Анџелес Клиперс 23-6, Оклахома Сити 22-6, Сан Антонио 22-8, Мемфис 18-8, Голден Стејт 19-10,…