СДСМ: Законот за јазици е во согласност со членот 5 од Уставот

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека законот за јазици е неуставен.

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулираат јавноста со цел да се обидат да создадат нови вештачки поделби. Груевски очигледно останува заробен во сопствените политки на раздор, конфликти и изолација на граѓаните и државата.

Лажните вести се последната очајна стратегија на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Законот за употреба на јазиците не е противуставен, туку е во согласност со членот V од Уставот на Република Македонија и истиот ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници и отвора шанса за изградба на едно општество за сите.

Дополнително, за разлика од долгогодишното запоставување на македонскиот јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ системски ја унапредува употребата на македонскиот јазик.

Груевски останува единствен фактор на деструкција и човек кој не нуди решенија туку постојано создава проблеми. Залудни и очајни се неговите обиди преку лажни вести да ги манипулира граѓаните. Залудна и лицемерна е неговата денешна посета на Куманово, град, во кој Груевски од позиција на премиер не вложи ниту еден денар. Напротив, Куманово беше под постојани притисоци и опструкции од страна на владите на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Затоа, на претстојните избори и граѓаните на Куманово и граѓаните на останатите општини ќе го казнат антидржавното однесување на Груевски и ќе го поразат ВМРО-ДПМНЕ, а општините ќе добијат нови одговорни локални власти предводени од СДСМ“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!