Османи се сретна со директорот на Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со директорот на Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг во Македонија, Франк Хантке.

Средбата следува по неодамнешната посета на Османи на Берлин на покана на германскиот министер Михаел Рот, каде што оствари средба и со Александар Калвајт, раководител за меѓународна соработка при фондацијата Фридрих Еберт, соопшти СЕП.

Вицепремиерот Османи на средбата го информираше Хантке за реализацијата на Планот 3-6-9, во однос на спроведените реформи за унапредување на процесот на европска интеграција на земјата. Се осврна и на постигнатиот напредок во добрососедските односи кои се видливи со потпишаниот Договор за добрососедство со Бугарија, посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Македонија која е исто така сигнал за позитивниот развој на добрососедските односи со Грција, но и подобрувањето на меѓуетничките односи во земјава со усвојувањето на предлог- законот за употреба на јазиците, се вели во соопштението од СЕП.

Османи на средбата побара од Хантке поддршка од Фондацијата во спроведување на реформите на новата Влада кои се приоритетни во овој период, особено за поддршка на процесот на трансформација во областите на вклучување на граѓанското општество на повеќе нивоа и поддршка на граѓанскиот активизам, промовирање на социјалниот дијалог, европската интеграција и регионалната соработка со земјите од Западен Балкан, како и поддршка на дијалогот помеѓу политичките чинители за постигнување консензус по прашањата кои се од големо значење за Македонија. Притоа, Османи изрази задоволство од досегашнното функционирање на Фондацијата Фридрих Еберт, која постои во земјава од 1996 година и со тоа претставува стабилен и доверлив партнер за соработка, информира СЕП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски