Потпишан Меморандум за соработка меѓу Комисијата за заштита на конкуренцијата и Правниот факултет „Јустинијан Први“

Од:

Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренција Благој Чурлинов и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка со цел размена на искуства, знаења, едукација, литература и усовршување на кадри од областите во кои двете институции имаат кадровски и други интереси.

Во зависност од меѓусебниот интерес, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе соработуваат во изработка на заеднички истражувачки проекти и ќе даваат меѓусебна поддршка во организација на работилници, научни собири, тркалезни маси и друг вид настани, соопшти денеска Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование