Брнабиќ ќе оствари средба со македонската амбасадорка во Белград

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ќе ја прими амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска Типко, соопшти Владата на Србија.

Средбата ќе се одржи во зградата на српската Влада во 10,30 часот.

Засега нема информација на која тема ќе разговараат Брнабиќ и Јовановска.

Србија на 20 август го повлече персоналот од својата амбасада во Скопје на консултации во Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ објасни дека тоа е направено затоа што надлежните органи имале докази за „многу офанзивно разузнавачко дејствување“ против органите и институциите на Србија.

Брнабиќ тогаш, во врска со ситуацијата со српската Амбасада во Македонија, изјави дека „не станува збор за мала работа“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарскиот МОЛ ќе ги зголеми испораките за Србија по санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Вашингтон воведе санкции за Нафтената индустрија на Србија, резерви има, но не на долг рок

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Србија е под снег: Делови од земјата затрупани, патиштата се блокирани

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојави за бомби во училишта и градинки низ цела Србија

ВИДЕО: Студент од Србија меѓу „киднапираните“ од израелските власти при упадот на хуманитарните бродови

(ВИДЕО) Снег во Србија и во БиХ