Продолжува расправата по законот за употреба на јазиците

Од:

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да продолжи расправата за Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Како што соопшти вчера Комисијата за европски прашања за денеска се најавени завршни обраќања на координаторите на четирите најголеми парламентарни групи во Собранието, по што треба да се гласа по Предлог-законот.

Со него се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).

За предлагачот и пратениците од мнозинството, законот е дел од патот на евроатлантските интеграции на Македонија и на никаков начин не го нарушува ниту Уставот, ниту унитарниот карактер на државата.

За пратениците од опозицијата, пак, тој е противуставен зошто, според нив, говори и фактот што се носи со европско знаменце, иако нема никаква европска регулатива со која се усогласува и тој ќе донесе само дополнителни поделби, а не кохезија во општеството.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски