(ВИДЕО) Мицкоски соопшти дел од кандидатите за градоначалници: На 15. октомври почнува падот на оваа власт

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција рече дека граѓаните за овие сто дена ја виделе разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и дека граѓаните видоа што значи неспособност, лаги, понижување и хаос и од друга страна тие знаат што значи програма и проекти кои се реализираат во нивна полза.

– Затоа граѓаните на 15-ти октомври ќе ја запрат деструктивната и неодговорна политика на Заев и ќе отпочне крајот на овој неспособен режим кој и економијата и институциите ги доведе на работ на колапс. ВМРО ДПМНЕ како и секогаш е на страна на народот. ВМРО ДПМНЕ како и секогаш политиките што ги води и одлуките кои ги носи, ги носи единствено во полза на граѓаните. Затоа согласно направените анализи и согласно статутот на партијата, а водени од приоритетот на граѓаните да им ги понудиме најдобрите кандидати за градоначалници, рече Мицкоски.

Тој кажа дека извршниот комитет го предложил актуелниот градоначалник Марјан Ристески за кандидат за општина Прилеп, за општина Брвеница ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Стојан Тодоровски, за општина Демир Капија – Трајче Димитриев, актуелен градоначалник.

ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Новаци го предлага актуелниот градоначалник Лазар Котевски, додека за градоначалник на општина Ѓорче Петров ќе се трка Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски, поранешен државен секретар во министерството за надворешни работи и директор на Агенција за државни патишта.

Во општина Гостивар кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Фаин Стојаноска, а во Тетово Горан Манојлоски. За општина Радовиш, Извршниот комитет го предлага Сашо Николов, актуелен градоначалник. За општина Вевчани Цветомир Угриноски, исто така актуелен градоначалник.

– ВМРО-ДПМНЕ се водеше исклучиво според личниот и професионалниот капацитет на кандидатите, нивниот досегашен придонес, но и визијата за локалниот развој во општината во која се кандидира. Сите кандидати уживаат углед, кредибилност и поддршка помеѓу граѓаните што е гаранција за напредок и реализација на бројни проекти во интерес на локалната заедница. Кандидатите кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ со својата посветеност, одговорност и темелност кон работата ќе придонесат кон подобрување на реалните потреби на граѓаните, унапредување на комуналните услуги, подигање на нивото на квалитет на инфраструктурата и континуиран просперитет на општините кои ги водат или ќе ги водат во период кој што доаѓа. Доказ за тоа се обемните програми кои во соработка со граѓаните и со врвни експерти се изготвуваат, а кои ќе значат нови дела за сегашните, но и за идните генерации, рече Мицкоски.

Тој додаде дека тие нудат концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност, а за разлика од СДСМ не нудат лаги и манипулации кои на крајот на секој мандат се паметеле како нерелизирани ветувања и празни зборови на хартија.

– Овие избори не се само избори на кои граѓаните гласаат само за свој градоначалник и локална власт. Овие избори се шанса катастрофално да се казнат штетните и антиреформски политика на неспособната влада на СДС. Гласот на локалните избори е отворање на можноста да се казни СДС кој после скоро 100 дена предизвика таков хаос од кој последиците ќе се чуствуваат и во наредните години. ВМРО-ДПМНЕ и на локално и на централно ниво секогаш потврдило дека е опцијата која тоа што го ветува тоа и го реализира. Зад нас стојат дела, зад нас стојат резултати. Овој успех и концепт ќе го приодолжиме и на следните локални избори кога ќе ја прокнижиме и новата победа, заедно со граѓаните, заедно со работниците, заедно со младите, заедно со пензионерите, заедно со сите граѓани Република Македонија на која оваа татковина им значи, рече Мицкоски.

Според него со локалните избори на 15. октомври почнува падот на оваа власт.

– Само со масовно излегување и гласање против СДСМ на 15ти октомври, ќе започне крајот на овој хаос. Само тогаш народот ја има моќта во своите раце. Поразот на СДСМ на локалните избори не само што ќе биде јасен сигнал од народот за неговото незадоволство од лагите, негрижата и неодговорноста, туку ќе отвори и можност и потреба за предвремени парламентарни избори во Македонија, заврши Мицкоски.

На новинарско прашање дека 100 дена е краток период за реализација на проектите, Мицкоски рече дека овие 100 дена биле најкатастрофалните што некоја влада во Македонија ги имала.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања