(ВИДЕО) Мемеди до Исмајлоска: Ајде да го смениме Уставот и сите граѓани да бидат рамноправни

Од:

– Вие во целиот ваш говор ги спомнавте само Албанците. Каде се Турците, Бошњаците, Србите, каде се Ромите во овој закон, а впрочем и во целото ваше излагање. Верувам дека сте запознаени со ситуацијата на Македонците во доминантно албанските средини каде што не се почитува тоа вработување на 20 проценти или не можеш услуга да добиеш на македонски јазик иако е службен во државата, а има луѓе дури кои се прават дека не го разбираат што е некоректно.

– Убаво е што повеќе јазици да се знаат но нема потреба тоа да биде наметнато. Спомнавте страв за распад, нема никаков страв за распад кај нас. Ние тоа што го нудиме е да најдеме подобро решение но во уставни рамки, затоа што овде требаше да седат и уставни експерти, кои што ќе го образложат во детали, што е проблемот со самиот закон и доколку се стави во уставни рамки да ја подобри ситуацијата на сите малцинства во Република Македонија, но и на Македонците онаму каде што тие се малцинство, рече Нола Исмајлоска.

Пратеникот на НДП, Весел Мемеди, во контрареплика даде предлог да се смени Уставот и сите граѓани да уживаат еднакви права.

Би можело да ве интересира

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието