Заев: Ќе најдеме решение за проблемот за граѓаните исклучени од централното греење

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Ружица Попева Наумова, членка на Управниот одбор на Здружението за заштита на граѓански права „Но Пасаран“, и со други членови на здружението.

Претставниците на здружението „Но Пасаран“ го информираа премиерот Заев за проблемите со кои се соочуваат, а се поврзани со постојаните притисоци од извршители, блокирани сметки и тужби за сметки што ги добиваат за парно греење и покрај тоа што се исклучени од системот на централно греење.

На средбата премиерот Заев соопшти дека Владата на Република Македонија веќе бара начин за решавање на овој горлив проблем за граѓаните, согласно законските прописи, и дека во најбрзо време ќе предложи начин како ќе се отстрани оваа неправда.

Премиерот Заев ги потврди цврстите заложби на владата да работи во служба на граѓаните и во тој правец ќе се носат решенија кои ќе превенираат вакви проблеми да се случуваат во иднина.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад