Пратениците ќе ја продолжат расправата за огласот за јавен обвинител

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија, што е на дневен ред на 12. седница.

Во понеделникот пратениците од опозицијата обвинија дека со процедурата за јавниот оглас се прекршува членот на законот кој спред нив, СДСМ барала да се внесе во Изброниот законик. Тие потсетија дека и Владата на РМ се оградува од, како што истакнуваат, какви било процедури и оти ги ставаат во мирување сите разрешувања и именувања на функционери за после изборите.

Владејачкото мнозиснтво предводено од СДСМ, пак, смета дека не е прекршен ниту еден закон во постапка за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски и ги потсетија колегите од опозицијата дека во 2013 година кога биле распишани избори на 11 јануари, веќе на 21 јануари односно за десет дена, тогашната влада на ВМРО ДПМНЕ го именувала Зврлевски за јавен обвинител и прашаа зошто тогаш не е реагирано за ова.

Пратениците претходно ја започнаа работата по точките од дневниот ред на 12. седница на која се ставени неколку закони по скратена постапка, како и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието.

Владејачкото мнозинство го поддржа предлогот на опозицијата на дневен ред, по скратена постапка да бидат ставени три нивни закони.

По скратена постапка ќе се носи пакет закони предложен од владејачкото мнзоинство. Овие три закони предвидуваат минималната плата да биде 12.000, надоместок за одредена група стечајци и укинување на радиодифузната такса, предложени од владејачкото мнозинство.

Владата предложи по скратена постапка да се носат и измените на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина со којшто, како што меѓу другото кажа министерот за здравство Арбен Таравари, предвидува болниците да одлучуваат кој доктор ќе оди на доусовршување во странство а не како досега министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители