Државниот завод за статистика денеска објави дека во второто тримесечје од годинава трошоците за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,5 проценти во споредба со првото тримесечје.
Во овој период повисоки за 0,9 проценти се и трошоците за материјали, како и трошоците за вработените кои се повисоки за 6,4 проценти.
Во споредба со второто тримесечје лани, трошоците за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,2 отсто, трошоците за материјали за 1,1 отсто и трошоците за вработените за 4,7 отсто.