А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Седница на Владата за ЕУ и НАТО интеграцијата и Рамковниот договор

by А1он05/09/2017 - 11:03120
Share0

Владата на Република Македонија денеска (12:00) ќе ја одржи 26. седница на која ќе бидат разгледани информациите за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, за користењето и за имплементацијата на фондовите од ЕУ, за статусот на реализацијата на приоритетите за влез во НАТО, како и за реализацијата на Рамковниот договор.

Следете a1on на Instagram Instagram

На седницата, како што информира владината прес-служба, ќе биде разгледана и информацијата на Министерството за труд и социјална политика за ревидирање на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, и информацијата за маргинализираните семејства што живеат во субстандардни услови под Кале, со предлог мерки за решавање на ова прашање.

Владата ќе ја разгледа и информацијата за соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Турција во областа на воспитно-образовниот процес, како и информацијата за подготовка на Седмиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација, кој ќе се одрживо Скопје на 20 септември 2017 година.

На предлог на Министерството за здравство, пред министрите денеска ќе се најде на рагледување и усвојување на Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за трансплантација во Република Македонија за 2017 година.

Следете a1on на Youtube YouTube

Владата денеска ќе ја разгледа и информацијата за воспоставување одржливост на националниот одговор на ХИВ во Република Македонија во рамките на буџетот на Министерството за здравство, како обврска преземена во рамките на препораките на Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА.

На дневен ред е и информацијата на Министерство за информатичко општество и администрација, за спроведената проверка на законитоста на процесот на вработување од денот на распишување на предвремените парламентарни избори до денот на изборот на Владата на Република Македонија.

На денешната 26-та седница, Владата ќе разгледа и други точки од интерес за граѓаните на Република Македонија, информираат од владината прес-служба.

vlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 11:42

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Горан Наумовски16/07/2026 - 09:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео