Првите носители на Грен Слем турнирот УС Опен во машка и во женска конкуренција постигнаа победи во мечевите од 4. коло и се пласираа во четвртфиналето.
Рафаел Надал од Шпанија кај мажите го совлада Александар Долгополов од Украина со 3-0 во сетови препуштајќи му само седум гема на ривалот (6:2; 6:4 и 6:1).
Прворангираната кај тенисерките Каролина Плишкова од Чешка ја победи Американката Џенифер Брејди, а загуби само еден гем 2-0 (6:1 и 6:0).
Од денешната програма во Њујорк заврши и осминафиналето во кое Русинот Андреј Рублев го победи Давид Гофин од Белгија со 3-0 во сетови (7:5; 7:6 (7:3) и 6:3).
Од фаворитите вечерва кај мажите ќе настапи и Рожер Федерер, кој за ривал го има Филип Колшрајбер.