Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик денеска изјави дека „приказните за прекин на преговорите на неговата земја со ЕУ се еднакви на „напад врз основните принципи на Европа“.
Изјавата на Челик доаѓа еден ден откако германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е јасно дека Турција не треба да се приклучи кон ЕУ и оти ќе разговара со другите европски лидери за стопирање на процесот на пристапување на оваа земја.
Главниот ривал на Меркел на изборите на 24-ти септември, социјалдемократот Мартин Шулц, исто така, потенцираше дека ќе дејствува за прекин на преговорите за членство во Турција ако биде избран за канцелар.
– Тие во Берлин градат ѕид со цигли од популизам. Турција ќе продолжи напред со високо крената глава како европска држава и европска демократија, додаде турскиот министер.