Анѓушев на бизнис форум во Ерусалим: Република Македонија е отворена за инвестиции од Израел

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, како дел од официјалната Владина делагација е во тридневна посета на Државата Израел.

За време на посетата, Вицепремиерот Анѓушев се обрати на бизнис форум во Ерусалим, на кој присуство земаа педесетина претставници на израелски и македонски компании. Тој на присутните им ги презентираше мерките кои Владата ќе ги преземе во насока на економски развој на земјата.

„Мерките кои Владата ќе ги имплементира за економски раст на Република Македонија би ги поделил во три столба. Првиот столб се мерките за поддршка на инвеститорите, вториот е изградба на соодветна инфраструктура, со цел подобро поврзување со соседните земји, а третиот столб се реформите во енергетскиот сектор “, истакна Вицепремиерот Анѓушев.

Владата подготвува нов концепт за привлекување на инвеститори, кој се очекува да биде презентиран во средината на месец септември, а тој концепт ќе обезбеди транспарентност и еднаков третман на странските и домашни инвеститори со што позитивно ќе се влијае на економскиот развој на земјата.

„Владата ќе обезбеди директна поддршка за нови инвестиции, со добри бизнис планови, извозно ориентирани, компании кои имаат предвидлив развој. Освен основен сет на поддршка, кој подразбира ослободување на инвеститорите од даночни и царински давачки за определен период, креираме сет на мерки за директна државна помош на инвеститорите, коишто ќе бидат транспарентно објавени и подеднакво ќе важат и за домашните и странските компании. Секој инвеститор ќе биде во можност да добие државна помош во висина до 50% од инвестицијата, а ќе се стимулира отворање на работни места, особено работни места за висоокобразуваниот кадар, којшто сакаме да го задржиме во Република Македонија, а како особено важна ќе се земе во предвид и соработката на странските со домашни компани“, појасни вицепремиерот.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека паралелно со процесот на привлекување на нови инвеститори Владата посветено ќе работи и на изградба на современа инфраструктура, со која Република Македонија подобро ќе се поврзе со соседите, а компаниите ќе го подигнат нивото на конкурентност со што ќе имаат можност побрзо да се развиваат и дополнително да придонесат на економскиот развој на земјата.

Би можело да ве интересира

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

Нетанјаху: Израел ќе се одмазди за нападот на Хутите

Се огласија сирените за воздушен напад во Израел

Горан Наумовски

Гутереш го критикуваше Израел дека го „саботира“ решението за две држави со Палестина

Израелската армија уби Американка – Бајден вели: Израел мора да спречи такви инциденти

Над 40 загинати и голем број повредени во новиот израелски напад во Газа