Еден загинат и 27 повредени во 33 сообраќајки викендот во Скопје

Од:

Изминатиот викенд на територијата на Скопје се случиле вкупно 33 сообраќајни, од кои во една животот го загубило едно лице, а во три со тешки телесни повреди се здобиле вкупно три лица и едно лице со полесни повреди.

Во останатите девет сообраќајни незгоди вкупно 23 лица се здобиле со полесни повреди, додека во 20 сообраќајки причинета е само материјална штета.

Полицијата во текот на изминатите три дена санкционирала 97 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на движење на возилата, 15 возачи се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол, а осум возачи поминале на црвено светло. Вкупно 58 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани.

Санкционирани се и 11 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 98 возила.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот