Три лица повредени во две сообраќајќи во Тетово и Гостивар

Од:

Три лица се повредени и е причинета материјална штета од 145 илјади денари во две сообраќајни несреќи што вчера и изминатата ноќ се случиле во полошко, најверојатно како последица на неприлагодена брзина односно пребрзо возење, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Со тешки телесни повреди се здобила М.И.(25) од Тетово откако загубила контрола врз автомобилот „Голф“ со тетовски таблички по што излетала од коловоз и удрила во бетонски столб од ограда пред куќа и метална врата. Несреќата се случила вчера околу 19 часот и 15 минути на влезот во селото Камењане. Од ударот М.И. се здобиле со тешки телесни повреди и со друго возило била однесена во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош била препратена на скопските клиники каде била задржана за понатамошно лекување. Материјалната штета се проценува на околу 100 илјади денари.

Втората несреќа се случила околу 2 часот и 45 минути по полноќ на улицата „Браќа Ѓиноски“ на мостот над Вардар во Гостивар. Возилото „Опел Астра“, управувано од Ј.Ј.(34) од Гостивар, удрил во шеснаесетгодишна малолетничка и Б.К.(19) исто така од Гостивар, како и врз металната ограда од мостот.

Од ударот двајцата пешаци се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница од каде по укажаната помош биле пуштени дома. Материјалната штета се проценува на 45 илјади денари.

Полицијата по овластување на јавен обвинител извршила увид на местата од двете сообраќајки и работи на целосно расчистување на случаите. Според портпаролот Јосифовски, причината за двете сообраќајки најверојатна најверојатно е пребрзо возење.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница