Османи: Потребен партиски консензус по прашањата за евроинтеграции

Од:

Потребен ни е партиски консензус по прашањата за евроинтеграциите, истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска на средба со директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Јоханес Реи.

Службата за информирање на Секретаријатот за европски прашања соопшти дека Османи го запознал Реи со новиот политички импулс во Македонија, фокусот кон евроатлантските интеграции на новата Влада, имплементацијата на Планот 3-6-9, новиот политички моментум создаден по потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на новиот Предлог-закон за јазиците со кој, како што стои во соопштението, се затвора и последното отворено прашање според Охридскиот рамковен договор.

– Вицепремиерот порача дека Фондацијата Конрад Аденауер може директно да ги поддржи и Владата и политичките партии од сите страни на политичкиот спектар да работат заедички за реализација на реформите кои се од национален интерес, а за кои е потребен консензус од сите страни, се наведува во соопштението.

Османи и Реи разговарале за областите во кои може да се унапреди соработката во насока на поддршка на процесот на европска интеграција на земјата.

Вицепремиерот Османи посочил дека досегашното 17- годишно присуство на Фондацијата во Македонија беше посветено на промовирање на меѓуетнички и дијалог меѓу граѓаните од различна вероисповед, поддршка на граѓанското општество и придонесе за приближување на земјата до евроатлантските структури. Во тој контекст, Османи побарал таргетирана поддршка, бидејќи, како што навел, новата реформска агенда бара долгорочни инвестиции во овој период кога националниот буџет не е во добра состојба, и кога бележиме загуби од средствата од ИПА.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски