Американскиот претседател Доналд Трамп го предложи Џим Брајденстин (42), поранешен пилот и републикански конгресмен, за директор на американската вселенска агенција НАСА, соопшти денеска Белата куќа.
Брајденстин е конгресмен од Оклахома, член на Одборот на Сенатот за вооружени сили и Одборот за наука, вселенска програма и технологија.
Искуството го стекнал главно во војска како пилот во воените мисии во Ирак и Авганистан, но и како член на резервните сили на морнарицата, извршувајќи неколку мисии против нарко картели во Централна и Јужна Америка. Припадник е и на Воздухопловната национална гарда на Оклахома.
Брајденстин веќе подолго време важи за фаворит за директор на НАСА, што предизвика незадоволство кај некои сенатори поради неговите квалификации да предводи толку високо технолошки софистицирана и многу комплексна агенција.
Предлогот за неговото именување треба да го потврди Сенатот.