Во Босилово во недела референдум за работењето на рудникот Иловица и отворањето други рудници

Од:

Во општина Босилово утре во 7 часот ќе бидат отворени гласачките кутии во 19 гласачки места каде што граѓаните на референдум ќе имаат можност да се изјаснат дали се за или против работењето на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На единствениот гласачки список запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, а биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус еден глас.

Во општина Босилово денеска своето право на глас го оствариле четири лица кои се пријавиле како болни и изнемоштени и нивните ливчиња се затворени до утрешното пребројување, информираат од Општинската изборна комисија.

Во струмичкиот регион, за работењето на рудници, на 17 септември на референдум ќе се изјаснат и жителите на општина Ново Село.

Би можело да ве интересира

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Протест во Струмица против отворање на рудник во Иловица и Штука, „Еуромакс ресоурцес“ тврди: Нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“

Горан Наумовски

Струмичани гневни на Владата: Протести поради одлуката да се спојат двете концесии за рудник за бакар и злато во Босилово и во Ново Село

A1on

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски