(ФОТО) Трајановски: Нов Луна парк на почетокот на следната година

Од:

Новиот модерен Луна парк во Скопје се очекува да профункционира на почетокот на следната година, а доколку се поволни временските услови, тоа може да се случи и порано. Ова денеска го изјави скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, кој заедно со претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, направија увид во градежните работи на проектот, што почна да се реализира пред три месеци.

– Град Скопје има распишано тендер и има избрано изведувач, кој пред три месеци почна да ги изведува градежните работи во паркот. Тоа значи подземна инсталација или инфраструктура, што подразбира фекална канализација, атмосферска канализација, водоводна и електрична мрежа под земјата. Исто така, оваа градежна фирма којашто е избрана треба да направи партерно уредување на целиот парк, покрај тоа ќе ја изгради и влезно- излезна партија, објекти за администрацијата, тоалети и други придружни објекти, за што се издвоени околу 100 милиони денари и очекуваме сите овие работи да бидат завршени до крајот на оваа или почетокот на следната година, истакна Трајановски.

Тој информираше дека, град Скопје распишал тендер и избрал двајца добавувачи за седеум реквизити коишто треба да набават и монтираат од добавувачот, како и да се пуштат во употреба, а целосната одговорност за нивното функционирање е на добавивачите.

– Во првата фаза од проектот ќе се постават адреналински, полуадреналински и три детски реквизити, како и еден воз на шини, а вредноста на оваа инвестиција е околу 130 милиони денари. Се очекува овие реквизити да пристигнат до крајот на годинава, а да се монтираат на почетокот на следната година. Некои реквизити се веќе во магацините на овие добавувачи и се чека потребната документација за нивна монтажа и бидејќи ова е прв забавен парк во Република Македонија со вакви реквизити, ние сме во консултации со Министерството за економија и инспекторати за да ги добиеме сите потребни документи за безбедноста и функционирањето на овие реквизити, подвлече Трајановски.

Скопскиот градоначалник рече дека вкупната инвестиција за реализација на овој проект, односно за градежните работи, набавката на реквизитите и нивното монтирање е околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

– Дополнително ќе се набавуваат реквизити и во следните години во рамките на овој износ од 6,5 милиони евра, односно и во текот на 2018, 2019 година, а може и во текот на 2020 година, истакна Трајановски.

Градоначалникот на Град Скопје соопшти дека во новиот забавен парк ќе бидат поставени вкупно 27 реквизити, од кои три адреналински, шест семејни и 18 детски реквизити. Освен тоа, Трајановски информираше дека во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и други забавно- рекреативни содржини.

Со реализација на овој капитален проект, скопјани по 44 години ќе добијат нов модерен луна парк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето