Берлин бара Орбан да признае дека европската солидарност е „двонасочна улица“

Од:

Владата во Будимпешта треба да признае дека европската солидарност оди во два правци, бара официјален Берлин, јавија германските медиуми.

Барањето на Унгарија за финансиска помош за изградба на гранична ограда која треба да спречи влез на мигранти во земјата е добра можност за искажување на европска солидарност, но таа солидарност треба да биде взаемна, изјави во Берлин портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Предходно, унгарската Влада објави дека ќе бара од земјите членки на ЕУ да помогнат со 400 милиона евра за подигнувањето на оградата, која според Будимпешта ќе ја штити Европа од илегални мигранти.

Според Зајберт, Унгарците паралелно со барањето помош треба да бидат солидарни и со тешкотиите на другите земји членки на ЕУ при приемот на бегалци.

– Го почитувме тоа што Унгарија бара солидарност и ја признава солидарноста како европски принцип. Но, солидарноста е „двонасочна улица“, изјави Зајберт.

Во екот на бегалската криза во 2015 година, во која преку медитеранската и балканската рута во ЕУ влегоа повеќе од два милиони бегалци, Унгарија беше првата земја членка што постави ограда на својата граница со Србија со цел да го спречи приливот на бегалци на нејзината територија. За својата политика Владата на Орбан беше критикувана од други членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп