За осум месеци повеќе пожари од цела претходна година во Неготино и Демир Капија

Од:

За осум месеци се регистрирани повеќе пожари од цела претходна година во Неготино и Демир Капија, информираше денеска Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица.

– Досега имаме 101 интервенција, за разлика од лани кога за цела година имавме околу 90 интервенции. Од тоа, околу 71 пожар на отворен простор, 25 пожари на објекти, два кај патнички моторни возила и исто толку на контејнери, како и еден пожар на запалена бандера за електрична струја, соопшти Илиев.

Тој нагласи дека сето е последица на човечко невнимание. Апелираше на совесност, со цел да не се предизвикуваат пожари. Информираше дека помош при гаснењето на пожарите имаат од шумското стопанство.

Би можело да ве интересира

Таткото го поли синот со бензин и го запали – мајката го спаси

А1он

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Изгореа четирицикли на плац во близина на Попова Шапка

Горан Наумовски

Трагедија во Русија: Пожар „проголтa“ цела зграда, има мртви и повредени

(ВИДЕО) Белград: Пожар на покривот на Имо Центар

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он