Кошаркарската репрезентација на Македонија во ноември ќе учествува во претквалификациите за Европското првенство 2021. „Црвено-жолтите“ се во групата А заедно со Словачка и со Швајцарија.
Претквалификациите имаат три „прозорци“ во чии рамки ќе бидат одиграни натпревари „дома-гости“. Борбата за пласман во евроквалификациите ќе започне во ноември оваа година, а ќе заврши во јули идната 2018 година. Македонија првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен.
Распоред на натпреварите:
23 ноември, 2017 година
Словачка – Македонија
26 ноември, 2017 година
Македонија – Швајцарија
25 февруари, 2018 година
Македонија – Словачка
28 јуни, 2018 година
Швајцарија – Македонија.
Само првопласираниот ќе обезбеди место во квалификациите.