Пратенички прашања во „Жена парк“

Од:

За време на одржувањето на седницата за пратенички прашања, опозицијата предводена од СДСМ во паркот „Жена борец“, наспроти Собранието, организираше, како што го нарекоа, граѓански парламент.

Претставници на опозицијата и граѓани поставуваа прашања до Владата. Јани Макрадули, пратеник и кандидат за градоначалник за Скопје го најави поставувањето прашања, посочувајќи дека тие денеска се наоѓаат на местото каде што се вистинските прашања.

Граѓанскиот парламент го водеше Калинка Габер, една од асистенките на пратеничката група која рече дека била избркана од Собранието без претходна најава.

„Денеска вистинскиот парламент е овде. Во Собранието можеби ќе ги гледаат снимките како полицијата тепа пратеници. Нѐ исфрлија на улица, но нема да нѐ замолчат“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он