ДОМ им го честита верскиот празник Курбан Бајрам на сите граѓани со муслиманска вероисповед во Република Македонија, со желби за добро здравје, лична среќа и благосостојба.
– Во време на големите верски празници да се потсетиме дека добрата волја и пружената рака на пријателство се единствен пат на соживот, а тоа го докажува и вековната традиција на овие простори, стои во честитката.
ДОМ потсетува дека тоа е можно само со отворено срце, без вештачки бариери и предрасуди, зашто тоа е единствениот пат кон среќна и просперитетна иднина на сите граѓани во Република Македонија.