Во Стокхолм денеска беше нападнат полицаец, кој бил прободен во грбот и вратот, а напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата.
Инспекторот Рони Телбергер изјави дека на стокхолмскиот плоштад од грб бил нападнат еден полицаец.
Засега не е познат мотивот за нападот.
Полицаецот веднаш е хоспитализиран и се наоѓа надвор од животна опасност.