Изгаснати пожарите кај Зајас

Од:

Пожарите кои вчера беа регистрирани во општина Зајас се изгаснати, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што наведуваат едниот пожар беше регистриран помеѓу селото Зајас и селото Горно Строгомиште во кој се опожарени 2 хектара борова и дабова шума. Во вториот пожар кај местото викано Џума во атарот на село Зајас опожарена е површина од 5 хектари трева, грмушки и дабова шума.

Во гасењето на пожарот биле ангажирани два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. На лице место биле и вкупно 31 лице од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ, Македонски шуми и локално население.

Дирекцијата за заштита и спасување, се посочува во соопштението, е во состојба на зголемена будност. – Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент доколку има потреба да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Пожар кај селото Јосифово, огнот брзо се шири кон населеното место

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Локализиран е пожарот кој избувна во близина на Кавала: Туристите добија итно предупредување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се запали хотел во Анталија, гостите итно се евакуирани

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Голем пожар во близина на Подгорица, спасени се 100 куќи