Унгарската Влада одлучи да ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште шест месеци односно до март 2018 година.
Вонредната состојба беше воведене на почетокот на минатата година поради мигрантската криза.
– Строгата контрола на границите се уште е потребна, бидејќи од неодамна заканата од тероризам во Европа е зголемена, изјави портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач.
Околу 400.000 мигранти преминаа преку Унгарија во 2015 година, пред земјата да изгради ѕид долж границите со Србија и Хрватска.