КСС бара покачување на платите согласно зголемувањето на минималната плата

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара покачување на платите согласно покачувањето на минималната плата и свикување на седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која ќе биде разгледан овој нивни предлог.

– Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара покачување на платите согласно покачувањето на минималната плата поради што ќе се случи порамнување на техничко – помошниот персонал со најниските позиции на носителите на дејност во јавниот сектор и поради што основниот коефициент за пресметка на плата во одредени сектори во јавната администрација ќе бидат под износот на минималната плата, а со тоа се суспендираат и постоечките колективни договори што има многу поголеми последици. Бараме покачување на платите во соодветен процент од 19 проценти заради задржување на распонот на платите на сите категории на јавни службеници, рече денеска на прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски.

Тој обвини дека не функционира социјалниот дијалог и оти министерката за труд и социјална политика доставила мислења од ЕСС за покачување на минималната плата без мислење од КСС и без валидни анализи.

– КСС дава недвосмислена поддршка за покачување на минималната плата, но не може да го премолчи фактот на кој се носи и смета дека е прекршена целосната процедура, Законот за работни односи, Законот за минимална плата, каде што точно е прецизиран начинот на кој што ЕСС треба да даде согласност за да тие да поминат во владина и собраниска процедура, рече Ралповски.

Најави преземање на синдикални легитимни радикални мерки доколку, како што рече, повторно бидат игнорирани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка