Локвенец ќе трча градоначалнички маратон за Прилеп

Од:

Хари Локвенец влегува во градоначалничката трка со дресот на СДСМ во Прилеп. Предавачот на Американ колеџ и приватен бизнисмен, ќе се обиде да го освои досегашниот ВМРО-вски бастион. А1 од партиски извори дознава дека за Ресен во игра се Сашо Пецалевски, дипломиран правник и вработен во општина Ресен и докторот Јордан Проески.

До крајот на неделава се очекува да биде потврден и кандидатот за градоначалник на Битола. Партиски извори велат дека најсериозен кандидат на опозициската СДСМ за Битола е приватниот бизнисмен Васко Ковачвски, иако во игра се неколку кандидати.

Партиски извори за А1, како кандидат за Ѓорче Петров го споменуваат Александар Наумоски. За Крушево има двајца кандидати, едниот, дознаваме, е партискиот секретар, Никола Божиновски а вториот, велат ќе биде изненадување и добро решение.

Битката за кандидат за Охрид е сеуште тешка и неизвесна и најверојатно кандидатот ќе биде познат дури наесен, затоа што за Охрид е потребен и договор со коалициските партнери.

Неконвенционално решение и изненадување, СДСМ најавува за Кочани и за Делчево. Коалициската НСДП, велат партиски извори досега е договорено да даде свои кандидати за Демир Хисар, Новаци и за Могила.

Во недела, во Штип е следната дестинација на митинг на СДСМ на кој треба да биде промовиран и кандидатот за градоначалник. Таму се водеше мртва трка меѓу докторот Владимир Милошев, претседател на општинската организација и поранешниот директор на јавното претпријатие „Исар“, и координатор на третата изборна единица, Здравко Коцев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација

А1он

(ВИДЕО) Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат

(ВИДЕО) Манојловска: Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ