Програмата на вториот ден на УС Опен е прекината на сите терени, освен на „Артур Еш“ каде што има кровна конструкција, па таму дождот не прави проблеми.
Досега завршија само четири натпревари во женска конкуренција и пласман во следната рунда обезбедија: Каролина Плишкова, Барбара Стрицова, Јанина Викмаер и Сорана Кристеа.
Првата носителка Плишкова немаше проблеми во натпреварот со Магда Линете и и препушти само три гема на ривалката (6:2 и 6:1).
На теренот „Артур Еш“ игра ланска победничка Анжелик Кербер, додека потоа следуваат и мечевите на фаворитите во машка конкуренција Рафаел Надал и Рожер Федерер.