Проширувањето на улицата „Тодор Александров“ во завршна фаза

Од:

Проектот за реконструкција и проширување на дел од улицата „Тодор Александров“ е во завршна фаза и неговата целосна реализација ќе биде комплетирана во наредниов период.

Увид во текот на градежните работи денеска извршија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на јавното претпријатие „Улици и патишта“, Синиша Ивановски.

– Улицата „Тодор Александров“ е реконструирана и проширена на потегот од крстосницата со булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Белградска“, кај ОУ „Кочо Рацин“, до кракот на оваа улица што води кон Панорама, во должина од околу 600 метри. На оваа траса добивме нова модерна сообраќајница, со 3 сообраќајни ленти, додека од двете страни на коловозот се оформени велосипедски патеки коишто се спуштени на коловозот, како и тротоари со променлива широчина. Покрај главната улица, со овој проект беа реконструирани и дел од коловозите на повеќе улици кои што се вкрстуваат со улицата Тодор Александров, како што се улиците Белградска, Партение Зографски, Тасино Чешмиче и Славејко Арсов. Градежните работи на коловозот на улицата Тодор Александров беа искористени за да се реконструира дел од атмосферската, водоводната и фекалната мрежа, а поставено е и ново улично осветлување, рече градоначалникот Трајановски.

Тој додаде дека со реализацијата на овој проект ќе се зголеми проточноста, а воедно ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во насока на зголемување на безбедноста во движењето на учениците во ОУ „Кочо Рацин“, ќе биде поставена безбедносна ограда од страната на училиштето, ќе бидат поставени посебни ленти пред пешачките премини, а ќе бидат поставени и семафори кои ќе трепкаат со жолто светло со цел да ги предупредат возачите дека треба да бидат внимателни. Дополнително, на потегот пред училиштето ќе биде ограничен сообраќајот на брзина до 30 километри на час, за што ќе биде поставена соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

На терен работат екипите на градежната компанија „Жикол“ од Струмица, додека Градот Скопје во овој проект вложи околу 39 милиони денари.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот