МКФ со јавна благодарност до инволвираните во организацијата на ЕП за кошаркарки до 16 години

Од:

Македонската кошаркарска федерација која ја доби довербата на ФИБА да го организира Европското првенството – Дивизија Б за кошаркарки до 16 години, им се заблагодарува на сите инволвирани лица за нивната посветеност во ангажманот со чија помош натпреварите непречено се одигруваа почнувајќи од 17 август, па се до 26 август.

Победник на првенството е Данска која заедно со Белгија обезбедија учество во А дивизијата.

Според одлука на централниот одбор при ФИБА, оваа година само две селекции добија промоција во дивизија А. Литванија в година ќе биде организатор на континенталниот собир, поради што ова лето беше репрезентацијата од Балтикот беше безбедна од испаѓање во понизок ранг. Тоа значеше промоција на двете репрезентации кои во Б дивизијата играа во финалето – Данска и Белгија.

Третото место и припадна на селекцијата на Грција. Македонската кадетска репрезентација го освои 17. место во оваа дивизија откако првата групна фаза ја заврши како петтопласирана.

Наградата за „фер-плеј“ замина во рацете на кошаркарките од Молдавија кои го освоија последното место на првенството и в година ќе се натпреваруваат во дивизија Ц. Признанието за МВП отиде кај Максуела Лисова Мбака од Белгија која ја предводеше и „Ол Стар“ петорката во која се најдоа и кошаркарките Сам Ван Бугенхоут од Белгија, Малене Педерсен од Данска, Авак Куиер од Финска и Јоана Хацилеонти од Грција.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска