Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно нагласи дека САД треба да изградат ѕид долж границата со Мексико поради приливот на илегални мигранти.
Тој, истакна дека Мексико, на еден или на друг начин, ќе ги плати трошоците за изградбата на ѕидот.
– Мексико е една од земјите во светот каде криминалот е најголем и ние треба да го имаме ѕидот, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.
– Мексико треба да плати за тоа, ќе ги обезбеди средствата на еден или на друг начин, додаде американскиот претседател.